English
 
Пребарувај  
?
     
 
Настани
Автори
По азбучен редослед
Сликарство
Графика
Скулптура
Нови медиуми
Мозаик
Продажна галерија
Сликарство
Графика
Скулптура
Нови медиуми
Мозаик
 
 
 
 
 


ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ И ДОАЈЕНИ


Вовед
Друштвото на ликовните уметници на Македонија официјално е формирано во 1946 г. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 г., кога во рамките на Вардарска бановина било формирано “Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 г. кон него ќе се приклучи и новото друштво “Јефимија“ кое од 1933-1941 г.ќе ја преземе изложбената дејност на ДЈЛУ. Во овој период ќе излагаат и повеќе уметници кои подоцна ќе станат основоположници на македонската модерна уметност: Димитар Андонов, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Василие Поповиќ-Цицо, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Михајло Шојлев и др.

Во 1944 г. во Прилеп се формира Друштвото на македонските ликовни уметници во чија управа ќе бидат Мартиновски, Поповиќ-Цицо, Владимирски, Тодоровски и Блажиќ. Тие ќе се залагаат за обединување на сите уметници од Македонија,запропагирање и ширење на сите уметнички медиуми, за отварање на Уметничко училиште итн. Во 1945 г. во Скопје ќе се отвори и првата изложба на Друштвото. Покрај основоположниците ќе учествуваат: Лозановски, Лазески, Ефтимова, Коцо, Протуѓер и др.

На иницијатива на Друштвото, истата година се отвара и Уметничкото училиште, чиј прв директор станува Никола Мартиноски. Од учениците на ова училиште подоцна ќе се регрутираат идните членови на Друштвото. Како што посочивме во 1946 г. официјално ќе се формира ДЛУМ. Прв и долгогодишен претседател ќе биде Мартиновски. Истата година ќе се отвори II изложба на ДЛУМ на која ќе учествуваат поголем број уметници. Во 1947 г. ќе се формира Сојузот на ликовните уметници на Југославија (СЛУЈ) чија цел ќе биде да ги обедини ликовните здруженија од сите републики и да се грижи за нивните еснафски интереси. Во 1949 г. ќе се одржи првата изложба на уметниците од ФНРЈ на која ќе учествуваат и уметници од Македонија. Реал-социјалистичкиот дух на изложбата ќе биде одраз на барањата на новата стварност. По 1952 г. ќе се антиципира новиот дух во уметноста. Во 1953 г. во Скопје се отвараат изложби од модерната француска, американска и холандска уметност,како и изложбата на Х. Мур. Тие непосредно ќе влијаат и на творечкиот дух на македонските уметници. Истата година ДЛУМ ќе организира патувачки изложби низ Југославија. Членовите на ДЛУМ редовно ќе учествуваат и на изложбите на СЛУЈ, а од 1955 г. ќе се презентираат и афирмираат и во странство. Со текот на времето ќе се појави потреба од изградба на ателјеа и Уметнички павилјон. Пред земјотресот во 1963 г., неколку години во Павилјонот ќе се организираат изложби на модерната македонска и странска уметност. По земјотресот, па се до денес тој ќе биде отстапен на користење на други институции.

Македонската критика ќе констатира дека ДЛУМ без сомнение одиграло значајна улога во афирмирањето на македонската ликовна уметност, не само на локално и сојузно, туку и на меѓународно рамниште. Членовите, се до денес ќе учествуваат во низа репрезентативни изложби и ќе бидат застапени во повеќе светски колекции. Од 1974 г.па се до денес, ДЛУМ ќе соработува со различни ликовни иституции, како и со НУБ “Климент Охридски“. Во нив ќе бидат организирани специјализирани изложби кои ќе станат традиционални. Во НУБ, од 1974/75 г. па се до денес, ќе се организираат годишните изложби на графиката и на цртежот. Од 1980 г. во Уметничката галерија, ќе се организира изложбата на ситна пластика, а во КИЦ, од 1984 г. па се до денес, изложбата сликарство мал формат. Од 1991 г. биенално ќе се организира “Зимскиот салон“ во МСУ, а додека годишните ревијални изложби ќе се организираатво соработка со МГС. Исто така, ДЛУМ ги доделува и следниве награди: “Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура; “Лазар Личеноски“ за сликарство; “Никола Мартиноски“ за цртеж; “Моша Пијаде за графика; “Петар Мазев“ за сликарство; “Јордан Грабул“ за скулптура и “Димитар Аврамовски Пандилов“ за сликарство мал формат.

Низ својата релативно долга историја и покрај разновидните турбуленции и вредносни осцилации, може да се констатира дека оваа, единствена од овој вид, професионална асоцијација во државата, одиграла без сомнение најзначајна улога во афирмацијата на македонската ликовна уметност.

 
  Основоположници   Доајени  
  Димитар А. Пандилов Димо Тодоровски  
  Лазар Личеноски Љубомир Белогаски  
  Никола Мартиноски Борко Лазески  
  Томо Владимирски Борислав Траиковски  
  Вангел Коџоман Миле Корубин  
  Василие Поповиќ - Цицо Јордан Грабулоски - Грабул  
  Петар Мазев  
Димитар Кондовски  
Спасе Куновски  
Томо Шијаковиќ - Шијак  
Драгутин Аврамовски  
Ристо Калчевски  
Стефан Маневски  
Димче Николов  
   
 
Copyright © DLUM 2007