English
 
Пребарувај  
?
     
 
Настани
Автори
По азбучен редослед
Сликарство
Графика
Скулптура
Нови медиуми
Мозаик
Продажна галерија
Сликарство
Графика
Скулптура
Нови медиуми
Мозаик
 
 
 
 
 


13. ЗИМСКИ САЛОН НА ДЛУМ


НАЈАВА!

13. Зимски салон на Друштвото на ликовните уметници на Македонија
ќе биде свечено отворен на 10 февруари 2010 година.

Тема на Салонот: „Доктор Глобал – Мистер Локал“.
Селектор/ куратор : Томур Атагок, Истанбул, Турција (www.tomuratagok.com).
Локација: Музеј на современа уметност, Скопје

ТЕМА ЗА 13. ЗИМСКИ САЛОН НА ДЛУМ:

„ДОКТОР ГЛОБАЛ И МИСТЕР ЛОКАЛ“

Парафразира јќи го насловот на познатата новела Чудниот случај на Д-р Џекил и мистер Хајд од шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон (за прв пат објавена во далечната 1886 година во Лондон), годинешната тема на Зимскиот Салон на ДЛУМ е „Д-р Глобал и мистер Локал“.

Реферирајќи на посоченото книжевно дело, кое својата популарност ја стекнува заради темата која ги истражува потсвесните нагони кај човекот, Зимскиот Салон се надоврзува на приказната со особен акцент врз двојноста присутна не само кај човекот и неговата анимална и интелектуална природа, туку и врз сите културолошки и општествени системи создавани од човекот, вклучително и уметноста како врв на интелектуалните достигнувања.

Замената на имињата од насловот со поимите Глобал и Локал е своевидна иронична игра која произлегува од позициите на глобалните текови кои ги од една страна ги диктираат современтите текови во уметноста, економијата, политиката, наспроти локалните често пати потценети придобивки.

Синдромот на подвоеност се рефлектира врз позицијата на авторот, кој се наоѓа во позиција да избере помеѓу следење на светските текови (со тоа и станување дел од нив) и останување доследен на локалната традиција. Прифаќање на универзални идеи или зачувување на инстинктите? Центар наспроти провинција? На овие прашања е дискутирано одамна и во различни пригоди и се чини дека се уште остануваат отворени. Во време на засилена комуникација, оваа тема добива на актуелност. Македонските уметници ќе се обидат да дадат свое видување на борбата на идентитети – кој е подоминантен – Д-р Глобал со своите инвентивни, но понекогаш и застрашувачки експерименти или пак, господинот Хајд кој оди наспроти “еволуцијата“? Дали творе цот има избор или е несвесно подвоена личност?

Copyright © DLUM 2007